Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи.

Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца.

Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот шестгодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.