Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени при украинско гранатирање кај Северодоњецк, во источна Украина, а нивниот возач е убиен, за „Си-Ен-Ен“ потврдил портпаролот на агенцијата.

Претходно извор од „Ројтерс“ за агенцијата „Тас“ изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.

Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена – изјавил изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.

Портпаролот на „Ројтерс“ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сили и дека ги управувало лице задолжено за контакт со проруските сили.

„Ројтерс“ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач – изјавил портпаролот.

Во последните неколку дена Северодоњецк, град во областа Луганск, е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.