Двајца американски војници кои се борат на страната на Украина се тешко ранети во артилериски напад во близина на градот Орикив во областа Запорожје.
Станува збор за двајца американски воени ветерани, Манус МекЕфри и Пол Греј, кои заедно дејствувале како тим кој стрелал противтенковски проектили од типот „Џавелин“ кон руски тенкови во моментот кога биле погодени од артилериски оган, објави новинарот, Нолан Питерсон.
Според новинарот, МекЕфри се здобил со рани од шрапнели на лицето, главата и торзото, додека Греј го повредил стапалото кога врз него се урнал бетонски ѕид, погоден од гранатите.
Двајцата се во болница – вели Питерсон, кој објави и нивна снимка од местото на настанот, односно нивната евакуација кон болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.