За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа.
Проектот вклучува вработени во 15 владини оддели, а тест фазата ќе трае некои си 7 седмици, од средината на август до крајот на септември.
Целта на експериментот е да се унапреди флексибилноста на работното место, да се покрене безбедноста за време на летните месеци и да се воведе подобар баланс меѓу работа и приватен живот.
На страна луѓето, експериментот треба да утврди и колку струја би се заштедило во владините објекти.
И до сега не им беше лошо бидејќи најголемиот дел од администрацијата на Дубаи има 2,5 дневен викенд, во петок се работи само половина ден, плус сабота и недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.