Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА.
Министерот за Европа и надворешни работи Дриан, како што се вели во соопштенито на Кеј Д’Орсеј, на 11 мај разговараше со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.
Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Македонија, се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.
Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.