Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови за локалните граѓани.
Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.
Според организаторите, на митингот учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис“ објави дека демонстрантите биле околу 15.000.
Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.
Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот.
Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, вели портпаролот на демонстрантите за весникот „Паис“.
Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.