Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата, пренесува АФП.
Секешфехервар, еден од најбогатите унгарски градови, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри во текот на зимата.
Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.
Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни, изјави за АФП Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан Фидес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.