Двете отцепени републики од Украина, Доњецката и Луганската Народна Република, кои Русија ги призна како независни непосредно пред почнувањето на воената операција, во скоро време ќе отворат свои амбасади во Москва, објави агенцијата РИА.
Амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва ќе бидат отворени во блиска иднина, можно е за месец или два – објавува за РИА, повикувајќи се на дипломатски извор.
Изворот информира дека амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва би можело да се отворат за „еден или два месеца“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.