Градоначалникот на Доњецк, Алексеј Кулемзин, обвини дека украинската армија користи оружје против цивили, што е забрането со Договорот од Минск.

Настаните од претходните неколку дена укажуваат дека во градот нема место кое е безбедно. Неодамна, главната градска општина беше нападната од ракета „Поинт-У“, која исфрли касетни бомби. Во вторникот, станбена зграда беше погодена од проектили „Ураган“. Украина нема никаква дилема дали да користи оружје забрането со Минскиот договор – изјави Кулемзин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.