Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Севастопол, кој заедно со Крим денеска одбележува 9 години од приклучувањето кон Русија, објавија локалните медиуми.

Рускиот претседател ќе учествува на отворањето на уметничкото училиште и центарот „Корсун“.

За потсетување, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради „воени злосторства“.

Претседателот на Кримскиот парламент, Владимир Константинов, претходно истакна дека жителите на Крим станале творци на историјата пред 9 години.

Изборот што го направивме пролетта 2014 година не беше направен само за нас. Ја избравме Русија за нашите деца, внуци, правнуци, рече Константинов и додаде дека за тоа време републиката имала широки перспективи за понатамошен развој.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека обединувањето на Крим и Севастопол со Русија е единствен случај на повторно воспоставување на правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.