Добитник на Нобеловата награда за мир е јапонската организација преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасак „Нихон Хиданкјо“ за нејзиниот активизам против нуклеарното оружје.

„Нихон Хиданкјо“ е добитник на Нобеловата награда за мир како предупредување од разорните конфликти ширум светот, посебно на Блиски Исток, Украина и Судан.

Според претседателот на Норвешкиот комитет за нобелова награда, Јорген Ватне Фриднес со наградата „им се одава почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болни сеќавања, одлучија да го искористат своето искуство за да негуваат надеж и да се ангажираат за мир“.

За разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, основачот Алфред Нобел со декрет одлучи за наградата за мир да одлучува и да ја доделува петчлениот норвешки комитет во Осло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.