Лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин, порача дека им е потребна помош од Русија поради честите напади на Доњецк. Тој истакнува дека режимот во Киев ги поминал сите граници, бидејќи во новите напади на Доњецк користи забранети методи за водење војна.

Пушилин го повика раководството на компаниите во ДНР да ги префрлат работниците на работа од дома поради засилените напади.

Во наредните денови ги советуваме граѓаните да останат на безбедни места и да не излегуваат надвор – порача Пушилин.

Како што јавијка руски медиуми, при интензивното украинско гранатирање на Доњецк, погодено е породилиште, врз кое паднала граната.

Мајките се евакуирани во подрумот, а лекарите продолжуваат да пружаат помош, објави дописникот на Спутник од ДНР.

Во извештајот се наведува дека украинските безбедносни сили го гранатираат градот со часови како и дека користат касетна муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.