Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тврдењата дека руските сили убивале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Киев и Западот и дека целта им е да ја дискредитираат Русија.

Тоа се лаги кои созреале во циничната фантазија на украинската пропаганда, кажа Дмитриј Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Тоа се лаги измислени за огромни суми пари, кажа Медведев.

Претходно Вјачеслав Володин, претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, кажа:

Ситуацијата во Буча е провокација со цел дискредитација на Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристите и режисерите, а глумците се во Киев. Нема факти – само лаги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.