САД во средината на март тестирале хиперсонична ракета, а пробата била изведена во тајност за да се избегне ескалација на тензиите со Русија, јавуваат американски медиуми. Информиран безбедносен претставник вели дека хиперсоничната ракета ХАВЦ (HAVC) била лансирана од бомбардер Б-52 од западниот брег.

Тестирањето било изведено неколку дена откако Русија објави дека користела хиперсонична ракета „Кинџал“ во Украина, чија цел беше складиште за муниција во западна Украина.

Во времето кога бил изведено тестирањето на хиперсоничната ракета, американскиот претседател, Џо Бајден,  се подготвуваше за посета на сојузниците на НАТО во Европа, вклучувајќи ја и посетата на Полска, каде што се сретна со украинските министри за надворешни работи и за одбрана, објави „Си-Ен-Ен“.

Според информациите, САД внимавале да не преземат чекори кои би можеле да доведат до дополнителна ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Москва.

САД, исто така, откажале тестирање на интерконтинентална балистичка ракета во петокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.