Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили (САС) пристигнале во регионот на Лавов во Украина, вели неименуван претставник на руската армија, за руските медиуми.
Како што вели тој, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање државен удар, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.
Тоа не се обични специјалци, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат и идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области – вели рускиот претставник.
Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци.
Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, кој во 1950 година бил трансформиран во корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот.
САС врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.