Покрај рускиот претседател Владимир Путин, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Русија, поради незаконско депортирање на деца од Украина.
Во судското соопштение се наведува дека постојат „разумни причини“ да се верува дека Лвова-Белова „сноси индивидуална кривична одговорност“ за „военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина до Русија“.
Која е Марија Лвова-Белова?
Лвова-Белова е родена на 25 октомври 1984 година.Родена и израсната во градот Пенза на западот на Русија, дипломирала на средното училиште за култура и уметност А.А.Архангелски во 2002 година како диригент.
Во 2019 година се приклучила на партијата Обединета Русија, а на 23 ноември премиерот Дмитриј Медведев и даде членска книшка. Таа потоа беше избрана во Президиумот на Генералниот совет на Единствена Русија и стана копретседавач на работната група за поддршка на граѓанското општество.
Лвов-Белова беше обвинета од украинските и британските официјални лица дека го надгледувала присилното депортирање и посвојување деца од Украина за време на руската инвазија на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.