Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, одговарајќи на прашања од конгресмени во Претставничкиот дом за најновите детали од истрагата за неодамнешниот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на неговиот митинг во Пенсилванија, изрази нови сомнежи.

Тој го доведе во прашање досегашното верување дека поранешниот претседател бил застрелан во десното уво.

– Со сета почит кон поранешниот претседател Трамп, прашање е дали куршум или шрапнел го погодил неговото уво или не. Не знам дали тој куршум, освен што го погоди, можеше да заврши и на друго место – изјави Реј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.