Втор пат за помалку од еден месец, туристка е фатена како сквернави една од најпознатите историски атракции во Италија. Тинејџерка од Швајцарија е последниот престапник што е фатен од локален туристички водич како го врежа своето име во античкиот амфитеатар.

Водичот успеал да ја сними девојката (17) како ја пишува буквата Н на ѕидот на Колосеумот.

„Ова е прв пат да успеам да снимам вандалски чин во Колосеумот, но за шест години видов десетици, има и такви кои кинат делови од ѕидот“, изјави Дејвид Батаглино за Република Рома. „Еднаш дури ме плукаа дека сум искарал момче.

Откако Батаглино го пријавил последниот вандалски чин во Колосеумот, полицијата наводно ги испрашува тинејџерката и нејзините родители. Тој изјавил дека родителите на девојчето го оправдале нејзиното однесување велејќи:

„таа е само дете, ништо лошо не направила“.

Италијанските медиуми јавуваат дека семејството се соочува со парична казна од 15.000 евра, што е максималната сума одредена во таа земја за вандализирање на историското наследство. Оваа вест доаѓа само неколку недели откако маж беше фатен како го вандализира Колосеумот кон крајот на јуни. Бугарин кој живее во Обединетото Кралство предизвика големо негодување со тоа што го издлаби името на својата девојка на антички камен.

Иван Димитров, кој живее во Бристол, е снимен како ги резба своите иницијали Хејли Брејси во структурата стара 2.000 години. Видеото од инцидентот набрзо стана вирално, а италијанската полиција го пронашла парот во Бугарија, по што Димитров се покајал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.