Туристот кој го врежа своето и името на неговата девојка на 2.000 години стариот Колосеум во видеото што го видоа милиони е Бугарин кој работи како фитнес инструктор во Велика Британија, откри „Дејли мејл“.

Иван Димитров (27), кој исто така се вика Иван Хокинс, беше фатен на камера од американскиот турист Рајан Луц како ги со клуч ги пишува имињата „Иван и Хејли 23“ на ѕидот на Колосеумот.

Иван со бугарско потекло минатиот викенд бил во Рим со долгогодишната девојка Хејли Брејси (33). Полицијата вети дека ќе го фати виновникот.

„Дејли мејл“ утврди дека Иван, кој по потекло е од Ловеч, работи како фитнес тренер во Бристол, како и возач на достава. Се верува дека Хејли води сопствен бизнис за спортска исхрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.