Девет лица загинале, а десетици се водат за исчезнати во бродска несреќа во Индискиот Океан, кај островот Панца, во јужна Танзанија.

До несреќата дошло кога бродот пловел од Пембе кон островот Панца, каде патниците требало да присуствуваат на погреб, јави Би-Би-Си.

Спасени се само шест патници и на нив веднаш им била укажана лекарска помош.

Командантот на регионалната полиција во Пемба, Ричард Тадеј Мчомву, изјави дека засега не е позната причината за несреќата и потврди дека на бродот имало околу 40 лица.

Спасувачките операции беа прекинати синоќа и продолжуваат од раните утрински часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.