Германскиот Бундестаг со мнозинство гласови го усвои „Законот за самоопределување“, односно за правата на трансродовите лица.
Според новиот закон, германските граѓани од 1 ноември ќе може да го менуваат полот според своите чувства, со претходна најава до властите од три месеци. Не се дозволени дополнителни промени или поништувања во текот на една година.
За деца до 14 години, родителите или старателите ќе треба да ја поднесат потребната декларација. За децата, пак, на возраст од 14 или повеќе години барањата за промена на нивното пол мора да бидат одобрени од родителите и старателите. Сепак, ако родителите одбијат, апликантот може да се обрати до Семејниот суд за да го отфрли родоителското мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.