Помошникот на врховниот командант Валериј Залужни, Генадиј Честјаков „бил убиен од експлозија на граната во неговата куќа во близина на Киев“, пренесува Страна.

Во село Чаики 39-годишен војник починал дома, тешко е ранет неговиот 13-годишен син кој е хоспитализиран, изјави портпаролката на МВР Маријана Рева.

Според првичните информации, неговата ќерка и сопруга, кои биле присутни, не се повредени, пренесува РИА Новости. Минатата недела, во напис за Економист, Залужни јавно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека вооружените сили на Украина дошле во ќорсокак и призна дека не можеле да го покажат импресивното темпо на напредување на војниците што се очекувало од нив на Запад.

Како што пренесува Фонтанка, Залужни ја потврдил информацијата. Според него, мајорот Частјаков го прославил својот роденден дома.

„Непозната експлозивна направа експлодирала во еден од подароците“, објаснува врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Медиумите прво објавија дека експлодирала граната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.