Бројот на починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија надмина 900, јавија светските агенции, повикувајќи се на податоци од повеќе земји.
Семејствата и пријателите пребаруваа болници и бараа информации на Интернет, плашејќи се од најлошото откако температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови.
Околу 1,8 милиони луѓе од целиот свет, многу стари и изнемоштени, учествуваа на повеќедневниот настан, главно на отворено.
Според информациите на саудиските власти, на годинешниот аџилак учествуваат аџии од Саудиска Арабија и уште 22 земји.
Аџилакот е должност што треба да се извршува еднаш во животот за сите муслимани кои се физички и финансиски способни да патуваат и кои веруваат во патот по кој пророкот Мухамед тргнал пред 1.400 години.
Стампедо, пожари во шатори, жештина и други фактори предизвикаа голем број смртни случаи за време на овој важен верски настан во последните 30 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.