Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна Америка.

СЗО соопшти дека регистрираните случаи се искачиле на рекордни 5,2 милиони во 2019 година, од 500.000 во 2000 година, во 129 земји низ светот – бројки кои веројатно го потценуваат вистинскиот број на жртви.

Во јануари, СЗО предупреди дека денга треската претставува закана за пандемија и е најбрзо распространета болест која ја пренесуваат комарците во светот. Иако постојат вакцини и специјално одгледани комарци кои содржат бактерија наречена Wolbachia за борба против денга, не постојат специфични третмани за вирусот штом некој ќе се зарази.

Повеќе од пет милиони случаи и над 5.000 смртни случаи поврзани со денга се пријавени оваа година, соопшти СЗО. Промените во дистрибуцијата на комарците кои шират денга, заедно со поголемите врнежи од дожд, влажноста и топлината поврзани со климатските промени, се фактори за порастот на случаите.

Послабите здравствени системи и слабиот мониторинг исто така одиграа улога.

Денгата оваа година ја зафати целата западна хемисфера. Не е утврдена во Европа, иако од 2010 година некои случаи на локално ширење се појавија во јужниот дел на континентот.

Регионите вклучувајќи ги Америка, Карибите и Бангладеш пријавуваат рекорден број случаи во 2023 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.