Во поплавите во југозападна и северозападна Кина досега загинаа десетици луѓе, а загрозени се илјадници други, јавија денеска локалните медиуми.
Во југозападната провинција Сечуан, најмалку шест лица загинаа, а уште 12 се водат како исчезнати откако обилните дождови предизвикаа поројни поплави и принудија околу 1.300 луѓе да се евакуираат.
Во меѓувреме, во градот Лонгнан во северозападната провинција Гансу, се пријавени уште шест смртни случаи, а 3.000 луѓе биле евакуирани.
За два дена во најпогодените подрачја наврнале дури 98,9 милиметри дожд, што е речиси двојно повеќе од јулскиот просек.
Дождовите доаѓаат во услови на топлотен бран во делови од земјата, вклучително и во источната провинција Жеџијанг и градот Шангај, а температурите минатата недела достигнаа 42 степени.
Експертите велат дека ваквите екстремни временски настани стануваат се поверојатни поради климатските промени. Потоплиот воздух може да содржи повеќе влага, што доведува до повеќе врнежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.