Русија им даде рок на украинските власти до 15 часот по локално време (7 часот по средноевропско време) да одлучат дали ќе се состанат на разговори во белорускиот град Гомељ.

Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државната новинска агенција РИА Новости дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор.

Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите“, рече Медински. „Ние се залагаме за мир“.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.

Зеленски директно ѝ се обрати на Белорусија велејќи дека „агресивните дејствија“ од белоруската територија значат дека не е можно да се водат разговори во земјата. Украина соопшти дека пресретнала крстаречка ракета лансирана кон Киев од белоруска територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.