Во ерменскиот главен град Ереван вечерва избувнаа судири меѓу полицијата која го обезбедува седиштето на ерменската влада и демонстрантите против премиерот Никол Пашињан.

Полицискиот кордон, кој бил гаѓан со шишиња, се спротивставил на толпата демонстранти кои се обиделе да упаднат во зградата. Полицијата употребила и шок бомби.

Демонстрантите претходно побараа оставка од премиерот Пашињан, критикувајќи го дека не успеал да го заштити Нагорно-Карабах.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.