Гневот и потребата за длабоко размислување преовладуваа меѓу членовите на Демократската партија на САД денеска откако актуелната потпретседателка Камала Харис претрпе изборен пораз што ги остави партиските функционери и гласачите без зборови.
Камала Харис, која влезе во трката пред само три месеци, беше прогласена за губитничка од нејзиниот републикански ривал, но начинот на кој ги загуби изборите отвора многу прашања за иднината на партијата.
Најостра критика е обвинението дека партијата ги лажела поддржувачите за когнитивните способности на претседателот Џо Бајден се додека катастрофалната ТВ дебата со Трамп во јуни не доведе до повлекување на претседателот од трката.
Еден демократски донатор праша: „Што го натера Џо Бајден да остане толку долго? Тој не требаше да ја крие својата здравствена состојба и требаше да се откаже многу порано“, пренесува „Индекс“.
Бајден (81) рече дека мисли оти може да го победи Трамп и дека е способен да биде претседател на САД уште четири години. Но, кога се откажа од трката во јули, објасни дека „во најдобар интерес на неговата партија и земја, ја донел одлуката да се пензионира“.
Неговата најава да се кандидира повторно во април 2023 година беше дочекана со скептицизам од многу демократи, а потенцијалните противници брзо се согласија да се приклучат на неговата кампања како советници наместо да ја доведуваат во прашање неговата одлука.
Долгогодишниот донатор на демократите, менаџерот Бил Акман, кој го поддржа Трамп во 2024 година, напиша на „Икс“ дека на партијата „и треба целосно ресетирање“.
„Партијата го лажеше американскиот народ за менталното здравје и кондицијата на претседателот и не се погрижи навреме да го замени“.
Постојат две групи Американци на кои Харис им се чинеше подобар избор во однос Трамп: многу млади гласачи – мотивирани од климатските промени, либералните вредности и нејзиното познавање на социјалните медиуми, и жените – кои се плашат од ограничените права за абортус што ги застапуваат републиканците. Но, се чини дека и двете групи застанаа на страната на Трамп.
Трамп доби поддршка и во приградските заедници, иако демократите веруваа дека тоа е и нивен терен.
Официјален претставник на Демократскиот национален комитет изјави дека во вторникот доцна навечер добил лути СМС пораки од бројни сопартијци кои му дале до знаење дека се лути затоа што ги излажале во кампањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.