Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во ноќешната предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста остави многу лош и несигурен впечаток.
Така, меѓутоа, не мислат и анкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп.
Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.
Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.
Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.
Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“.
Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.
Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден, бидејќи до изборите остануваат само неколку месеци.
Белата куќа го оправда слабиот настап на Бајден – со настинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.