Германскиот весник „Билд“ објави дека дедото на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок бил „жсток нацист“.

Таблоидот објави документи во кои се споменува дедото на Бербок по име Валдемар. Во текстот се наведува дека тој бил офицер на Вермахтот, кој служел во противвоздушната одбрана и бил „целосно на страната на националсоцијализмот“.

Досието што го објавува „Билд“ содржи проценка дека полковникот Валдемар Бербок не само што бил офицер на Вермахтот, туку и жесток поддржувач на нацизмот. Се вели вели дека тој бил „безусловен националсоцијалист“, ја прочитал книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ и „стоел целосно врз основа на националсоцијализмот“.

Исто така, во текстот се додава дека во 1944 година, на дедото на Бербок му бил доделен Хитлеров крст за воени заслуги.

Аналена Барбок, во своите јавни настапи, сака да зборува на комеморативни настани за нејзиниот дедо Валдемар (1913-2016) и поуките од неговиот воен живот.

Од германското МНР соопштија дека документите презентирани од „Билд“  „не и биле познати на министерката Бербок“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.