Двајца дански новинари биле застрелани денеска во североисточна Украина, но нивните животи не се во опасност, изјави нивниот работодавец.
Репортерот Стефан Вајчерт и фотографот Емил Филтенборг Микелсен биле ранети од куршуми додека известувале за дански дневен весник во близина на градот Охтирка, на околу 50 километри од руската граница, објави данскиот весник „Екстра Бладет“.
И покрај тоа што носеле панцири, тие биле ранети додека биле во возилото од истрели за кои не се знае од каде било пукано.
„Двајцата беа брзо пренесени во болница и се надвор од животна опасност“, пишува весникот.
Весникот додава дека е во контакт со данското Министерство за надворешни работи со цел да ги евакуира од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.