Данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, порача дека украинските граѓани кои побегнаа во Данска во изминатите две години, повеќе нема да бидат добредојдени во земјата кога ќе се воспостави мир меѓу Киев и Москва.
Ние нема да го промениме тој став. Дури и ако Украинците се културно поблиски со Данците отколку луѓето од Блискиот Исток, тие сепак се однесуваат на сосема поинаков начин од Данците. Властите во Киев сакаат бегалците да се вратат, а ние во Данска ќе го почитуваме тоа“, истакна Дибвад.
Повеќе од 30.000 Украинци поднеле барање за статус на бегалци во Данска според посебен закон кој истекува во март 2025 година.
Истражувањето спроведено од Универзитетот во Копенхаген во септември на примерок од 7.000 лица покажува дека околу половината од нив би сакале да останат во земјата дури и по завршувањето на конфликтот во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.