Данското министерство за одбрана соопшти дека Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од САД за заштита на бродовите во Црвеното Море и за таа цел ќе испрати своја фрегата во регионот.

Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилни бродови, изјави министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Данската влада има намера во јануари да го достави предлогот до Парламентот на гласање.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродови во Црвеното Море постојано се цел на напади напаѓани од јеменските Хути, како знак на револт за израелското бомбардирање на Газа.

Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, САД формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.