Претседателот на Финска, Саули Нинисто телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин за плановите на Хелсинки за членство во НАТО.
Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување. Избегнувањето на тензиите се оценуваше за важно – посочи Нинисто.
Тој во телефонскиот разговор со Путин истакна дека по руската инвазија драстично се променило безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата.
По најавата на Хелсинки дека планира да аплицира за членство во НАТО, Финска беше исклучена од руската електрична мрежа, а Русија спроведе воени вежби во Калининград, својата енклава на Балтичкото Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.