Светската банка соопшти дека очекува цените на енергенсите идната година да паднат за 11 проценти, по 60-процентниот раст годинава по руската инвазија на Украина, со забелешка дека забавениот глобален раст и ограничувањата за коронавирусот во Кина би можеле да доведат и до подлабок пад.
Во својот најнов извештај за изгледите на пазарот на стоки, Светска банка за 2023 година проектираше просечна цена од 92 долари за сировата нафта „Брент“ и 80 долари за 2024, иако тоа е се уште многу над петгодишниот просек од 60 долари за барел.
Истовремено се посочува дека извозот на руска нафта може да падне за два милиони барели дневно поради ембаргото на Европската унија за руските нафтени и гасни производи, заедно со ограничувањата за осигурување и транспорт што стапуваат на сила на 5 декември.
Ограничувањето на цената на нафтата предложено од групата „Г7“, исто така може да влијае врз доставите нафта од Русија, но за тоа да биде ефективно потребно е и учеството на големите пазари во развој и земјите во развој, цени СБ опишувајќи го самиот механизам како „недоверлив“ .
Светската банка објави дека посилниот долар, како и падот на вредноста на валутите на повеќето економии во развој, го поттикнале растот на цените на храната и горивата, што може да ја влоши несигурноста во храната која веќе погодува 200 милиони луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.