Шефот на украинската војно-разузнавачка служба, Кирило Буданов, тврди дека на самитот во Техеран, Русија го испратила двојникот на претседателот, Владимир Путин.

Буданов тврди дека Путин за време на излегувањето од авионот во Техеран, се движел невообичаено брзо и дека бил повнимателен отколку во претходните јавни настапи.

Додал дека Путин изгледал многу неспретно додека се симнувал низ степениците на авионот.

Посетата на Иран беше прво меѓународно патување на Путин од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.