Руската агресија врз Украина, која трае веќе две и полгодини, покажа дека фундаментално е променет начинот на модерното војување, но и планирањето на воените операции. Од почетокот на конфликтот, и Украина и агресорот Русија во голема мера се потпираат на балистички ракети, бомбардирање цели од воздух, а особено на беспилотни летала (UAV) и помали беспилотни летала.

Руските сили за противвоздушна одбрана синоќа уништија 14 беспилотни летала истрелани од Украина врз Курск, Вороножка и Белгородската област.

Според руското Министерство за одбрана 12 дронови се соборени над Курската област и по еден над Воронежка и Белгородската област.

Руското МО не соопшти колку дронови истрела Украина во текот на ноќта



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.