Тибетанскиот лидер во егзил Далај Лама изрази тага поради руската воена акција во Украина и порача дека се моли мирот „брзо да се врати во Украина“.

Во изјавата објавена на социјалните мрежи Далај Лама истакнува дека е „длабоко тажен поради конфликтот во Украина“.

Нашиот свет стана толку меѓузависен што насилниот конфликт меѓу две земји неизбежно влијае на остатокот од светот. Војната е застарена – ненасилството е единствениот начин. Треба да развиеме чувство за единството на човештвото сметајќи ги другите човечки суштества за браќа и сестри. Така ќе изградиме помирен свет.

 

Проблемите и несогласувањата најдобро се решаваат со дијалог. Вистинскиот мир доаѓа преку меѓусебно разбирање и почитување на благосостојбата на едни со други. Не смееме да губиме надеж. 20 век беше век на војни и крвопролевање. 21 век мора да биде век на дијалог.

 

Се молам мирот брзо да се врати во Украина – вели Далај Лама во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.