Неуспешниот бунт на приватната воена група „Вагнер“ во Русија ги покажа пукнатините во воената моќ на Москва предизвикани од војната во Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Монструмот што Путин го создаде со ‘Вагнер’, тоа чудовиште сега го гризе и работи против неговиот творец. Политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пукнатини, – изјави Борел пред новинарите во Луксембург пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Шефот на дипломатијата на ЕУ исто така предупреди дека „не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на политичка нестабилност“, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така верува дека сега е моментот ЕУ, повеќе од кога било, да продолжи да ја поддржува Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.