Авион Ербас А320 на комапнијата „Урал ерлајнс“, кој летал од Сочи до Омск се соочил со технички проблеми. Пилотите решиле принудно да слетаат и го спуштиле авионот на поле во близина на селото Камијанка кај Новосибирск.
Ниту еден од 159-те патници и 6-те членови на екипажот во авионот не е повреден, сите се успешно евакуирани и пренесени во центри за привремено сместување. Авионот е оштетен, но за среќа, немало пожар или уништување на трупот.
Пред само четири години, слична случка се случи кога пилотите на Ербас А321 од истата „Урал ерлајнс“ компанија итно го приземјиле авионот на плантажа во московскиот регион. И во тој случај, биле избегнати жртви, а тоа што се случило било наречено „чудо во полето со пченка“.
Посебна комисија ќе ги испита причините за инцидентот и почитувањето на безбедносните правила за управување со авионот, но, во секој случај, јасно е дека компетентните и професионални постапки на екипажот овозможиле да биде избегната катастрофа и да бидат спасени стотина животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.