Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за помош на украинските бегалци, јави ДПА.
Средствата ќе се обезбедат од европските фондови за регионален развој. Одлуката за нивно обезбедување денеска во Луксембург ја донесоа министрите за правда на земјите од ЕУ.
Ослободувањето на средствата беше предложено од Европската Комисија и одобрено од Европскиот Парламент.
Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 7,6 милиони луѓе побегнале во други европски земји, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.