Четворица блиски соработници на Борис Џонсон во четвртокот поднесоа оставки во интервал од неколку часа, поради се поголемиот притисок врз британскиот премиер.
Советникот за комуникации Џек Дојл го потврди своето заминување, набргу откако тоа го стори политичката советничка Мунир Мирза, а веднаш по нив оставки поднесоа и шефот на кабинетот Ден Розенфилд и главниот личен секретар на премиерот Мартин Рејнолдс, пренесува Ројтерс.
Оставките на најблиските соработници на Џонсон доаѓаат во време кога се погласно и се почесто се поставува прашањето за неговото лидерство во владејачката партија поради низата собири во кабинетот и резиденцијата на Даунинг стрит 10 каде што се консумирал алкохол, а се случиле за време на строгите мерки поради коронавирусот.
Џонсон им се заблагодари на нивниот важен придонес во владата, особено во поглед на работата на пандемијата и економското закрепнување, се вели во соопштението на портпаролот.
Тие ќе останат на своите места додека не бидат именувани нивните наследници, додаде тој.
Џонсон загуби вкупно четворица соработници, поради скандалот со забавите во Даунинг стрит за време на карантинот, што дополнително ја ослабна неговата позиција.
Во Британија, излегуваат на виделина извештаи за прослави на кои присуствувале Џонсон и неговите соработници за време на строгиот карантин кој важел за остатокот од населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.