Вработените во шведска зоолошка градина успеале да фатат три шимпанза кои побегнале од нивниот ограден простор и да ги вратат на безбедно место, но затоа, пак, четири мајмуни биле застрелани.
Од зоолошката градина Фурувик објавија дека преживеаните животни сега се згрижени, а на едно од нив, кое е повредено, му е потребна ветеринарна нега.
Мајмуните избегале откако некои од нив успеале да се извлечат од оградениот простор. Службениците морале да пукаат во нив бидејќи биле опасност за јавноста.
Две животни биле застрелани во просторот на зоолошката градина каде што избегале, а смртта на шимпанзо била потврдена во нивниот простор. Кога чуварите конечно успеале да влезат во кафезите за шомпанза, го пронашле телото на четвртото шимпанзо.
Тоа што се случи е голема трагедија и огромен неуспех за нас“, се вели во соопштението на зоолошката градина на Фејсбук.
Во соопштението се вели дека чувствуваат голема тага поради тоа што се случило и тагуваат за нивните сакани шимпанза, дека сакаат да утврдат како тоа можело да се случи и дека истрагата ќе покаже каде згрешиле, а каде можеле поинаку да постапат.
Зоолошката градина се наоѓа во близина на Гавле, 165 километри северно од Стокхолм и е дел од забавен парк. Според веб-страницата на паркот, тој е дом и на единствениот истражувачки центар за мајмуни за нордиските земји.
Не е првпат животни да избегаат од шведските зоолошки градини во последните месеци. Во октомври, отровна кобра побегна од својот терариум во зоолошка градина во Шведска, но беше безбедно вратена по една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.