Чешка од Германија ќе добие 15 тенкови Леопард 2А4, а предвидено е и да почнат преговори за набавка на уште 50 тенкови Леопард 2А7 плус во следните години, изјави денеска чешката министерка за одбрана Јана Черночова.

Верувам дека благодарение на тоа нашата армија ќе биде посилна, а државата побезбедна, истакна  Черночова.

Чешката армија има 30 модернизирани тенкови Т-72М4ЦЗ и неколку десетици кои не се модернизирани.

Чешка веќе и испрати некои од своите немодернизирани тенкови на Украина, како и артилериско оружје, борбени возила, противвоздушна опрема и ракетни фрлачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.