Пет Палестинци загинале во Појасот Газа кога врз нив паднале пакети со помош од САД, откако падобраните на кои биле поставени не се отвориле, објави британскиот весник „Телеграф“.
Светските агенции јавија дека повредени се 10 лица.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како неколку пакети паѓаат со екстремно голема брзина на земја, исфрлени од транспортен авион.
Во текот на изминатата недела, американската војска, во координација со Јордан, Египет и Франција, испорача над 70.000 оброци со храна во Појасот Газа.
Претходно, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека Обединетото Кралство ќе работи во соработка со САД за отворање на поморски коридор преку кој помошта за енклавата би можела да се доставува директно по море.
Претставниците на хуманитарните организации со месеци предупредуваат дека претстои глад во Газа поради недостигот на храна предизвикан поради затворањето на границите, забележува британскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.