Специјалните единици на чеченските сили во Украина „Ахмат-сила“ заплениле големо количество оружје доставено од НАТО до украинската армија.
Во видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како ченските борци го покажуваат западното оружје запленето на позиции во близина на градот Соледар во Доњецката Народна Република. На видеата може да се видат фрлачи на гранати, малокалибарско оружје и гранати.
Почитуван Рамзан Ахматовиќ, момците донесоа уште една серија оружје од странско производство. Фашистите го фрлаат оружјето и бегаат. Сега ќе го проучуваме и ќе го користиме против нив. Ќе испратиме дел од оуржјето во музеј. Накратко, работиме полека и одиме напред според задачите што ги поставувате. Се оди според планот. Ахмат-сила – вели еден од чеченските борци во порака до лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.