Cеверна Кореја истрелала проектили за кои се верува дека се балистички ракети. Ова е трето лансирање на севернокорејски проектили за еден месец, соопшти јужнокорејската војска.
Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Cеверен Пјонгјанг на северозападниот брег на Cеверна Кореја.
Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање на експертизата во процедурите за употреба на ракетно оружје лансирано од железнички вагони во движење.
Претходните две лансирања вклучуваа, како што го нарекоа државните медиуми, „хиперсонични проектили“, способни за големи брзини и маневрирање по лансирањето.
Вежбата доаѓа само неколку часа откако Пјонгјанг го осуди барањето на Американците за нови санкции од ОН поради неодамнешните лансирања кои беа оценети како провокација.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствувал на вежбата, а новинската агенција КЦНА јави дека е точно погодена целта поставена на источниот брег со „два тактички наведувани ракети“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.