cеверна Кореја тестираше уште една ракета, соопштија рано утринава јапонската Влада во Токио и јужнокорејската војска во Сеул.

ДПА јавува дека проектилот најверојатно повторно е балистичка ракета.

Јужнокорејската војска соопшти дека Cеверна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Источното Море, пренесе агенцијата Јонхап од Сеул.

Началникот на здружениот Генералштаб на Јужна Кореја преку СМС порака до медиумите јави за лансирањето, деветта демонстрација на сила на Cеверна Кореја годинава

До каде летала ракетата во овој денешен тест првично не беше јасно. Но, агенцијата Кјодо, повикувајќи се на владата во Токио, јави дека ракетата паднала надвор од јапонската „ексклузивна економска зона“ во Јапонското Море.

Во Јужна Кореја, како што е вообичаено во вакви случаи, се состанува Советот за национална безбедност за да разговара за ситуацијата,а овој пат загриженоста е уште поголема бидејќи тестирањето доаѓа на само четири дена пред претседателските избори во Јужна Кореја.

По серијата ракетни тестови во јануари, јужнокорејската Влада ја обвини изолираната соседна земја дека сака да поттикне нови тензии на Корејскиот полуостров, додаде ДПА.

Јужна Кореја стравува дека Cеверна Кореја наскоро би можела повторно да тестира интерконтинентална балистичка ракета која потенцијално би можела да стигне до САД. Земјата развива балистички ракети со различни дострели способни да носат нуклеарна боева глава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.