Јужнокорејската војска соопшти дека Cеверна Кореја лансирала повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег.
Не е прецизирано колку проектили се лансирани, но се наведува дека е зголемена будноста на јужнокорејската армија и следењето на севернокорејските воени активности, како и дека се анализираат најновите севернокорејски ракетни тестови во соработка со американската војска.
Сепак, официјални лица во САД и Јужна Кореја велат дека не виделе никакви индикации дека Пјонгјанг има намера да преземе воена акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.