Претставници на војската на Јужна Кореја алармираа дека Cеверна Кореја истрелала неидентификувана ракета во морето. Ова е прв ваков тест на Пјонгјанг во новата година.
Ракетата била истрелана во морето источно од полуостровот, соопштија командантите на штабот на Јужна Кореја, без да дадат дополнителни детали.
Cеверна Кореја во 2021 година соопшти дека успешно тестирала нов тип балистичка ракета истрелана од подморница.
Овој нов ракетен тест доаѓа откако Cеверна Кореја не одговори на повикот на Вашингтон за разговори.
За време на важниот состанок на владејачката партија минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потврди дека сака да ги зајакне воените капацитети на неговата земја и покрај меѓународните санкции.
Преговорите со САД се во застој откако во 2019 година пропадна средбата меѓу Ким Џонг Ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Откако Џо Бајден дојде на власт, САД неколку пати изјавија дека се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници, но, Пјонгјанг досега ја отфрла таквата понуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.